Добро ги поднесуваат и најтешките удари на судбината: Психолошки профил на хороскопските знаци – СКОРПИЈА

Скорпијата е знак чиј надворешен изглед ретко ја открива својата бурна внатрешност и жешкиот темперамент. Неговите припадници се таинствени и воздржани, а своето вистинско лице го покажуваат само на блиски личности. Ги краси правичност и голема енергија, а голема мана им е склоноста кон деструкција и автодеструкција. Сакаат хумор, посебно „црн“, провокативнни се и духовити, често цинични и саркастични. Со нив владее Марс, кој им дарувал натпреварувачки дух и издржливост, па добро ги поднесуваат и најтешките услови и удари на судбината. Не се плашат од непознато – колку е помистериозно, толку им е поинтересно.

Меѓутоа, не сакаат промени. Нивните најбурни реакции се случуваат тогаш кога работите ќе тргнат поразлично отколку што замислиле. Им недостасува флексибилност, па наместо да се прилагодат на новите услови, упорно бараат причини и најчесто ги обвинуваат другите.

Кон околината се однесуваат со недоверба, а луѓето ги оценуваат според првиот впечаток. Веруваат во соништа и во моќта на потсвеста, сакаат да истражуваат непознати места и пробуваат нешто што е забрането. Во пријателството како и во љубовта се великодушни, доверливи и лојални. Но многу се одмаздливи, без желба и волја да простат некому кој ги изневерил.

Во младоста се полни со бунт и отпор кон авторитети, често и склони на декаденција и пороци. Не му пристапуваат на животот по туѓи правила, тие се против конвенција, малограѓанство и предрасуди. Сакаат пари, но не се скржави. Ќе му дадат сè на оној кому му веруваат и кого го сакаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот