Доб­ро е да се знае: 5 со­ве­ти што тре­ба да ги има­те на ум ко­га ку­пу­ва­те до­мати

Иа­ко мно­гу­ми­на мис­лат де­ка е лесно, се­пак из­би­ра­ње­то свеж, со­чен и сов­рше­но зрел до­мат и не е та­ка ед­нос­тав­на ра­бота. Ко­га ве­ќе сте ре­ши­ле да пла­ти­те за овие ис­клу­чи­тел­ни пло­дови, то­гаш на­у­че­те се и ка­ко да ги од­бе­рете.

Имено, до­ма­ти­те има­ат го­ле­ми ко­ли­чес­тва ви­та­мин Ц во сво­јот сос­тав, а сод­ржат и ви­та­мин Б-ком­плекс. Со ре­дов­но­то кон­су­ми­ра­ње на овој зе­лен­чук, зна­чи­тел­но ќе му пот­по­мог­не­те на те­ло­то да ги „на­до­полни“ на­ма­ле­ни­те ко­ли­чес­тва ка­лиум, кал­циум, нат­ри­ум и маг­не­зиум, кои има­ат ис­клу­чи­тел­но важ­на уло­га за од­ржу­ва­ње­то на иму­ни­те­тот.

Имено, по­го­ле­ми­от број пло­дови, вклу­чи­тел­но ту­ка и до­ма­тите, пред да стигнат на трпе­зата, прет­ход­но мно­гу­па­ти се хе­мис­ко тре­ти­рани, би­деј­ќи за да не трпат про­из­во­ди­те­ли­те го­ле­ми за­губи, нив­на­та цел е да до­би­јат здрав, на око убав про­из­вод, но ис­то та­ка важ­но им е и про­из­во­дот да би­де цврст за да ос­та­не не­ош­те­тен до­де­ка се тран­спор­тира.

Вни­ма­тел­но наб­љу­ду­вај­те ја ко­ра­та на до­ма­тот

До­кол­ку до­ма­тот има тем­ноц­р­ве­на боја, без на неа да има вид­ли­ви на­бо­ри или пук­на­тини, нај­ве­ро­јат­но ста­ну­ва збор за свеж плод. Свет­ла­та бо­ја на ко­ра­та на до­ма­тот или, пак, свет­ло­ро­зо­ва­та боја, ви от­кри­ва де­ка про­из­во­дот нај­ве­ро­јат­но сè уш­те не ја дос­тигнал сво­ја­та зре­лост, би­деј­ќи бил ски­нат од рас­те­ни­е­то пред да би­де вис­тин­ско­то вре­ме за тоа.

До­мат што не тре­ба да го ку­пу­ва­те е оној што на прв пог­лед има на­бо­ри на ко­ра­та или од­ре­де­ни тем­ни точки. Вак­ви­от до­мат нај­ве­ро­јат­но ве­ќе поч­нал да се ра­си­пува.

По­ми­ри­сај­те го до­ма­тот

Еден од нај­до­бри­те на­чи­ни да ја ут­врди­те све­жи­на­та на до­ма­тот е до­кол­ку го по­ми­ри­сате. При ми­ри­са­ње­то на пло­дот, до­кол­ку по­чув­ству­ва­те де­ка ми­ри­сот му е на­вис­ти­на ин­тен­зи­вен, то­гаш во ва­ши­те раце го има­те вис­тин­ски­от до­мат. Ако не ја по­чув­ству­ва­те вис­тин­ска­та аро­ма на зрел до­мат, во тој слу­чај ос­та­ве­те го пло­дот и по­ба­рај­те си нов. До­ма­ти­те што не ми­ри­са­ат убаво, не­ма­ат ни­ту убав вкус.

При­тис­не­те го пло­дот со врво­ви­те на пр­стите

Зрел и ква­ли­те­тен до­мат нај­доб­ро се чув­ству­ва на до­пир. Тој тре­ба да би­де до­вол­но цврст за да мо­же­те да го при­тис­не­те со пр­сти­те без да се пла­ши­те де­ка ќе ви „ек­спло­дира“ в рака, а ис­тов­ре­ме­но да не ви би­де прет­врд, што пак би би­ло до­каз де­ка е не­до­вол­но зрел.

Скла­ди­рај­те ги пра­вилно

До­ма­ти­те што сте ги ку­пиле, оби­де­те се и да ги скла­ди­ра­те пра­вил­но за да ја за­чу­ва­те нив­на­та бо­ја и аро­ма што е мож­но по­долго, но и хран­ли­ви­те сос­тој­ки и ви­та­ми­ните. За­тоа, нај­доб­ро е да ги чу­ва­те на соб­на тем­пе­ра­тура, а во фри­жи­дер ста­вај­те ги са­мо до­кол­ку пла­ни­ра­те да ги се­че­те за да ги ста­ви­те во са­ла­та или ако од нив пла­ни­ра­те да пра­ви­те об­рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот