Добро чувана тајна: Додека кажаа дека е бремена, Скарлет Јохансон се породи

Profimedia
Фото: Profimedia

Само што ги потврдија гласините дека е бремена, славната двојка Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Колин Џост повторно ги изненадија обожавателите. Имено, популарната актерка роди момче по име Космо, со што стана мајка по вторпат.

Ова е прво заедничко дете на Скарлет и Колин, а среќната вест ја сподели таткото преку социјалните мрежи:

„Добивме дете. Се вика Космо. Многу го сакаме. Исто така, цениме ако ја почитувате нашата приватност“, напиша водителот на својот инстаграм-профил, за кого ова епрво дете.

Скарлет и Колин прилично добро ги чуваат деталите од својот приватен живот, така што и за нејзината бременост не се знаеше до пред неколку денови, кога Колин за „Page six“ изјави:

Ќе добиеме бебе, тоа е многу возбудливо.

Триесет и шестгодишната актеркаја има шестгодишната ќерка Роуз, која ја доби во бракот со поранешниот сопруг РомејнДоријак. Скарлет и Колин тајно се венчаа во октомври 2020, по три години врска.

Видео на денот