Добри вести за Златан, повредата не е сериозна

Екипата на Милан ги демантира гласините дека Златан Ибрахимовиќ е тешко повреден, односно на вчерашниот тренинг настада Ахиловата тетива.

Ибрахимовиќ вчера го имаше првиот тренинг со соиграчите во „Миланело“, но тренингот го напушти со болна гримаса откако се пожали на болки во ногата.

Одредени медиуми пренесоа дека најверојатно станува збор за повреда на Ахиловата тетива што речиси сигурно ќе значеше крај на кариерата на 38-годишниот Швеѓанец.

Денеска „росоњерите“ ги демантираа овие написи и објавија дека станува збор за повреда на мускулот на ногата.

„Златан Ибрахимовиќ во понеделникот пријави повреда на мускулот на десната нога, Ахиловата тетива не е оштетена. Фудбалерот за 10 дена повторно ќе биде прегледан“, стои во соопштението на Милан.

Златан Ибрахимовиќ во јануари годината пристигна во Милан и на 10 натпревари постигна четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот