Добри вести од САД: Започна тестирање на лек против коронавирусот

„Лек кој би можел успешно да лечи и спречи Ковид-19 се тестира врз пациенти во повеќе градови во САД“, било соопштено од фармацевтската компанија Регенор, известува Си-Ен-Ен.

Станува збор за првото тестирање на коктел од антитела на Ковид-19 во Америка.

Доколку тестирањето се покаже како успешно, компанијата Регенерон се надева дека лекот би можел да биде достапен веќе во есен.

Клиничките тестови почнале вчера, а компанијата најавува дека лекот ќе биде тестиран на 4 групи пациенти: Оние кои се хоспитализирани со Ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не се хоспитализирани, на здрави поединци кои се во ризичната група да се разболат и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заболено лице.

„На светот му се потребни бројни решенија за лекување, па биофармацевтската индустрија здружено работи за да се пружи помош на што е можно поголем број на луѓе“, укажал д-р Џорџ Јанкопулос, коосновач, претседател и шеф на научното одделение на компанијата Регенерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот