Добри вести од Реал, Томпкинс го победи коронавирусот

twitter/DiarioMarca

Кошаркарот на Реал Мадрид кој беше позитивиен на ковид-19 конечно е добро и без симптоми на болеста.

Оваа вест ја објави крилото на „кралевите“, Руди Фернадес, кој напомена дека сите во клубот се здрави.

Сите во екипата се добро. Треј се опорави и целата екипа се наоѓа во одлична состојба„ објави Фернандес на својот Инстаграм профил.

На 12. март беше објавено дека Американецот кој настапува за Реал Мадрид е позитивен на коронавирус, на набрзо потоа беа прекинати натпреварите во Евролигата.

Треј Томпкинс има 29 години, а пред доаѓањето во Реал Мадрид во 2015 година, тој настапуваше уште и за екипите на Лос Анџелес клиперс и на Нижњи Новгород. Со Реал во 2018 година триумфира во Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот