Добри вести: Фудбалерот на Фиорентина кој колабираше на терен е во свесна состојба

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер беше прекинат во 17. минута откако фудбалерот Едуардо Бове колабираше на теренот.

Бове без контакт со противнички фудбалер се сруши на теренот, по што веднаш беше пренесен во болница, а натпреварот не продолжи.

Лицата на сите на теренот изгледаа загрижено, меѓутоа за среќа последните информации од Италија говорат дека Бове е во добра состојба. Според информациите тој е освесен и дише самостојно.

Сепак, иако се наведува дека е надвор од животна опасност, тој ќе остане под контрола на докторите со цел да се утврди што точно се случило.

ВИДЕО | Страшни сцени во Серија А: Прекинат натпреварот Фиорентина – Интер, фудбалер колабираше на теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот