Добри вести: ЕК размислува за укинување на забраните за патување во ЕУ за граѓаните од Западен Балкан

Фото: EPA-EFE/Redazione Telenews

Од Европската комисија соопштија дека работат на предлог кој би ги променил сегашните препораки со кои се забранети неприоритетните патувања на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.

-Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за да дојде до промен на ситуацијата за патниците од земјите од Западен Балкан, вели портпаролот на ЕК, Адалбер Јанз.

Јанз нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе претставениот предлог за издавање на дигитални зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за граѓаните од трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

-Во овој момент дигиталните сертификати (планирани за лето) не го менуваат фактот дека во ЕУ на сила се рестрикции кои се однесуваат на неприоритетни патувања во ЕУ, предупредува Јанз.

Од ЕК претходно порачаа дека се работи на тоа дигиталните зелени сертификати, кои би требало да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, станат функционални пред почетокот на летото. Планирано е европските сертификати за вакцинација со било која вакцина против ковид-19, за поседување на ПЦР тест или антитела, се прошират и на граѓаните од третите земји, а дека се работи и на меѓусебно признавање на сертификати меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот