Добра вест за Ѓоковиќ: Ќе може да настапи на УС Опен

Фото: EPA-EFE/James Ross

По освојувањето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ доби добра вест, ќе може да настапи на УС Опен.

Настапот на Ѓоковиќ на УС Опен беше под знак прашалник затоа што не поседува потврда за вакцинација, меѓутоа одлуката во САД сега се менува. Имено, Владата потврди дека ако состојбата со коронавирусот не се влоши до 11. мај забраната ќе биде укината.

Сепак, Ѓоковиќ ќе остане без настап на Индијан Велс и Мајами, турнири кои се одржуваат во март.

Со оглед на формата со која игра тоа ќе биде добра можност Ѓоковиќ да стигне до 23. грен-слем во кариерата и да избие сам на врвот, во овој момент со Надал имаат по 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот