Добра вест од Италија: Рекорден број на излекувани пациенти од ковид-19 во еден ден

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Италијанските медиуми како прва вест, првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19, го наведуваат рекордниот број пациенти кои се опоравиле од коронавирусот – 38.740 лица за еден ден.

Дневниот весник „Авенире” пишува дека во моментов 761 илјади луѓе се позитивни на вирусот, од кои повеќето се во домашна изолација.

Втора недела по ред се намалуваат сите параметри кои ја покажуваат епидемиолошката состојба, што се толкува како последица на многу строгите владини мерки што се на сила во тој период.

Според најавите, Владата има намера да ги задржи строгите мерки со цел да спречи собирања и патувања за време на претстојните празници.

Новите мерки стапуваат на сила утре и ќе траат до првата недела од јануари.

Бројот на смртни случаи се намалува, но, сепак, се уште е голем.

За 24 часа, починаа 684 лица, повеќето од нив во северниот регион Ломбардија, кој е на прво место во Италија според бројот на заразени и починати од почетокот на пандемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот