Добра и лоша страна: Зошто протеинските диети предизвикуваат запек и како да го спречите

Фото: Unsplash

Подуеноста не е предизвикана од внесот на протеините, туку од недостиг на внес на влакна, посочуваат нутриционистите.

Намалениот внес на јаглехидрати и зголемената потрошувачка на протеини, помагаат во губењето на килограмите.

Протеините се разложуваат побавно од јаглехидратите и подолго ве држат сити по оброкот, објаснуваат нутриционистите.

Но, по зголеменото консумирање протеини, постои можност да ви се појави запек и подуеност. За среќа, има решение и за тоа.

Проблеми со варењето

Ако се чувствувате подуено, проблемот е, всушност, во она што не го јадете.

Подуеноста не е предизвикана од внесот на протеините, туку од недостигот на внес на влакна, посочуваат нутриционистите.

Влакната се наоѓаат главно во овошјето, зеленчукот и во житарките и го подобруваат варењето и протокот на течности низ дигестивниот систем. Затоа, во вашите меѓуоброци додајте храна богата со растителни влакна за метаболизмот подобро да работи, а тоа воедно ќе ја намали подуеноста и иритацијата.

Како да спречите проблеми со варењето

Прво, потрудете се да внесувате доволно влакна секој ден. Нутриционистите препорачуваат леќа, наут, едамам и грав како намирници богати со протеини.

Ова е идеална комбинација бидејќи внесувате доволно протеини и влакна во исто време.

Исто така, добри протеини што нема да му пречат на дигестивниот систем се: спанаќ, кељ, краставици, домати, брокула, зелени пиперки. Додајте ореви, чија семе, кикиритки, бадеми и лешници во секојдневната исхрана бидејќи содржат добар сооднос на протеини и влакна и мошне малку јаглехидрати.

Немојте да го заборавите и овошјето. Се разбира, содржи природни шеќери, но сепак нутриционистите го препорачуваат, бидејќи тоа сепак содржи повеќе влакна што се добри за варењето.

Тие додаваат дека е најдобро да се изберат бобинките, кои содржат големи количини влакна и многу ниски нивоа на јаглехидрати.

Секако, не смеете да ја заборавите и течноста.

Влакната ја привлекуваат на себе водата од телото, па затоа е многу важно секој ден да внесувате доволно течности, велат нутриционистите.

Експертите препорачуваат осум чаши вода на ден како дневна доза течност, но секогаш можете да ја зголемите таа доза ако сте жедни или ако имате проблеми со варењето. Бојата на урината најдобро покажува дали сте доволно хидрирани, а мора да биде светложолта како лимонада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот