Добитник на американската лотарија освои 1,05 милијарди долари

– Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер” во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД.

– Некој утрово се разбудил во Мичиген и ја слушнал веста која ќе му го промени животот. Му честитаме на среќниот добитник, изјави Рејчел Харст, регионална претставничка на синџирот продавници „Крогер”.

Добитник на лотаријата не е извлечен уште од септември минатата година, кога последен пат е освоена награда во износ од 20 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот