Доби само еден глас: Пашинијан не беше избран за премиер на Ерменија, немаше парламентарна поддршка

Вршителот на должноста премиер на Ерменија, Никол Пашинијан не беше избран за премиер затоа што не ја доби поддршката од Парламентот.

Ерменските пратеници гласаа против кандидатурата на Пашијан за одржување предвремени парламентарни избори во земјата. Парламентот се состана денес, а специјалната седница беше пренесувана во живо на локалните телевизиски канали.

– Еден пратеник гласаше за Пашињан, тројца беа против, а 75 од нив беа воздржани. Пашијан не беше избран за премиер – рече претседателот на парламентот Арарат Мирзојан.

Втората сесија се очекува да се одржи на 10 мај. Ако Пашијан и тогаш не ја добие поддршката од пратениците, парламентот ќе се распушти, а претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, ќе закаже предвремени избори, кои, во согласност со претходните изјави на Пашијан, најверојатно ќе се одржат на 20 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот