Доби поддршка од две клучни партии: Марио Драги би можел да стане италијански премиер веќе од наредната недела

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Кандидатот за италијански премиер, Марио Драги, денеска доби поддршка од две клучни партии за уште следната недела да може да ја формира новата влада која ќе треба да реши како да се потрошат 200 милијарди евра помош од Европската Унија (ЕУ) за почеток на обновување на ослабената економија.

Американските медиуми јавуваат дека движењето „Пет ѕвезди” и десничарската „Лига” денеска најавија поддршка за владата на Драги, соопштувајќи дека се подготвени да го остават настрана ривалството за доброто на целата нација.

Драги (73), поранешен претседател на Европската централна банка, неделава го заврши првиот круг на разговори со политичките партии, а вториот круг се очекува на почетокот на следната недела, кога ќе разговара со кандидатите за министри и неговата визија за новата влада.

Се очекува мандатарот да се состане со голем број на синдикати, на претприемачи и други претставници на државната служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот