Доаѓаат ли подобри денови: Во „пакет“ Меси и Гвардиола!? (ФОТО)

Во Милан постојат две жестоки „струи“, сопственичката структура Елиот на чело со извршниот директор Иван Газидис на едната, и техничкиот директор Паоло Малдини со својата „десна рака“ Звонимир Бобан на другата страна.

Првите се заинтересирани исклучиво за профитот, а вторите за екипата и резултатите кои со години веќе ги немаат „црвено-црните“.

Затоа веќе со месеци медиумите во Апенините пишуваат за можната продажба на Милан и постојано тврдат дека негов нов сопственик може да стане Бернар Арно, сопственик на луксузниот моден бренд „Луис Витон“, најбогатиот Европеец и втор најбогат човек на светот со богатство од 93 милијарди евра.

Елиот, наводно, тајно преговара со Арно и шансите се големи дека тој ќе го купи Милан за 975 милиони евра.

Прочитајте и...  Интер во првото европолуфинале после 10 години! (ВИДЕО)

Сега чекор подалеку направи италијанскиот медиум „Република“, која, наводно, има информации за тоа што ќе направи Арно по пристигнувањето на „Сан Сиро“.

– Елиот има големи тешкотии. Буџетот на клубот е алармантен. Спортските резултати се лоши. Проектот за стадион не оди во предвидената насока. Арно, од друга страна, ќе направи големи промени во клубот и ќе инвестира во тимот. Французинот има два плана. Пеп Гвардиола и Лионел Меси, што би создало силна врска помеѓу клупата и теренот. Доколку тој план не успее, тогаш тој ќе се обиде да ги донесе Јирген Клоп и Килијан Мбапе – пишува римската „Република“.

„Росонерите“ во Серија А моментно се наоѓаат на 11. место со 13 постигнати гола и 17 примени погодоци. Каљари и Рома, кои го делат четвртото место за пласман во Лигата на шампионите, имаат 11 бода повеќе од Милан, додека градскиот ривал Интер и лидер во шампионатот се оддалечени 20 бода.

Прочитајте и...  СЕХА: Без гледачи на реванш натпреварот Вардар-Нексе!

Прочитај повеќе

СЕХА: Без гледачи на реванш натпреварот Вардар-Нексе!

Слободен печат

Почина човекот кој ја одведе Црвена звезда на светскиот трон! (ВИДЕО)

Слободен печат

Синот на Сетиен ги праша кравите дали Барса ќе ја освои ЛШ (ВИДЕО)

Слободен печат

Кузма со тројка во последните секунди за радост на Лејкерси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Елмас би можел да игра со Фалкао, Бабел, Арда Туран..!

Слободен печат

ЛЕ: „Ѓаволски“ тешко, но Фернандеш ги решава сите проблеми! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Интер во првото европолуфинале после 10 години! (ВИДЕО)

Слободен печат

ИНТЕРВЈУ Филип Деркоски: Одлично е чувството кога ќе се вратите победнички во пливачките води!

Ливерпул си купи нов бек за 11 милиони евра

Слободен печат

Вавринка: Да му делам лекции? Ѓоковиќ носи поголема одговорност од сите нас!

Слободен печат

Гатузо не брза за нов договор со „наполитанците“

Слободен печат

Конечна одлука: Санчо останува во Борусија Дортмунд!

Слободен печат