Доаѓа истиот судија со кој го победивме Израел (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Доаѓа истиот судија со кој го победивме Израел (ВИДЕО)

Мечот против австриската репрезентација ќе го играме в понеделник од 20.45 часот, а веќе е познато кој ќе дели судиска правда на овој квалификациски меч.

Овој судија ни беше среќен во еден од квалификациските мечеви за учество на Мундијалот кој се одржа во Русија минатата година.

Загубивме несреќно од Полска, но селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници се оптимисти дека можат повторно да се кренат и се врати позитивната атмосфера во редовите во нашата селекција.

Така, размислуваат и од таборот на Австрија, на последниот дуел ја совладаа Словенија минимално со 1:0 благодарение на погодокот на Гвидо Бургшталер во 74 минута од средбата.

Австрискиот селектор Франко Фода смета со истиот менталитет ќе настапат неговите играчи против македонската репрезентација.

– Македонците се флексибилни, го имаат еден од нивните најдобри играчи, Горан Пандев. Но, најважно е како ние ќе реагираме – вели Фода.

Главен судија на мечот ќе биде Алексеј Есков од Русија, ќе му помагаат неговите сонародници Д. Мосјакин, Д. Сафјан и В. Москалев. Есков ни судеше и во мундијалските квалификации за СП 2018, поточно на 2 септември 2017 година кога во Хаифа славевме со 0:1 преку Пандев кој стрелаше во 73 минута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close