ДОАЃА 5G: Ќе донесе револуција во функционирањето на нашето општество! - Слободен печат

ДОАЃА 5G: Ќе донесе револуција во функционирањето на нашето општество!

Денеска, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.
Македонски Телеком ќе инсталира 5G опрема и уреди за тестирање со што ќе им овозможи на студентите и професорите први да работат на функционалностите на овој нов технолошки стандард. Добиените резултати ќе се користат за научни цели и унапредувања на услугите кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците.

Тестирањата ќе се прават на новата опрема од Македонски Телеком и во новата „5G Evolution Laboratory“ во рамки на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи, која припаѓа на Институтот за телекомуникации на ФЕИТ.

– Нашите професори и студенти повеќепати се наградувани со престижни признанија за проекти што се развивале во постојната лабораторија. Отсега, со новата 5G опрема и уреди, во новоформираната лабораторија ќе ја имаме првата и единствена можност во земјава за тестирање, експериментирање и проучување на реални сценарија поврзани со идните технологии. Реалното тестирање на оваа технологија ќе им даде голема предност на нашите професори, соработници и студенти и сигурна сум дека ќе продуцира нови решенија и иновации – изјави Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ.

5G или мрежата на петтата генерација во наредните години не само што ќе донесе огромни брзини на пренос на податоци преку интернет и комуникација во реално време, туку целосно ќе го смени начинот на којшто функционира нашето општество.

Прочитајте и...  „Телеграмисти“ и „Јавни Собисти“, да ви објаснам што е к*рва!

– Ние интензивно работиме на подготовки за воведување 5G и планираме инвестиции во мрежата за таа намена. Минатата година го изведовме првото 5G демо во регионот, а до крајот на годинава ќе имаме платформа со која ќе добиеме искуства во реално опкружување. Потребни се уште многу тестирања, но сè повеќе се доближуваме до комерцијалната фаза. Партнерството со ФЕИТ е уште еден чекор кон развој на 5G технологиите, но и многу повеќе од тоа, затоа што ќе им даде предност на студентите, идните телекомуникациски професионалци, и на професорите први да ја тестираат новата револуционерна технологија која сè уште целосно не е воведена во Европа – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Прочитајте и...  Симптоми на леукемија кои често ги игнорираме

„5G Evolution Laboratory“ е новоформирана лабораторија во рамките на Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи при Институтот за телекомуникации. Лабораторијата е опремена преку НАТО проект за емулација на 5G јадрена мрежа и виртуелен радио пристап, користејќи софтверски дефинирано радио. Преку соработката со Македонски Телеком, „5G Evolution Laboratory“ дополнително ќе се надгради со реални 5G уреди за тестирање на перформансите и ќе прерасне во најсовремена лабораторија во земјата каде што ќе се тестираат 5G мобилни технологии и системи.

Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи досега се користеше за проекти од областа на безжичните и мобилните комуникации со примена кај 3G и 4G мрежите. Станува збор за истражувачка лабораторија во која се извршуваат истражувања и тестирања поврзани со тековните проекти и иновативни технолошки решенија (виртуелизација, мапи за радио покриеност, динамичен пристап кон спектар, интелигентни инфраструктури, само/организирачки мрежи и друго). Лабораторијата е акредитирана и за Мерења на карактеристики и сообразност на радио опрема и Мерења на радио спектар. Во оваа лабораторија досега се реализирани повеќе проекти од областа на безжичните и мобилните комуникации, како и студентски истражувања во рамките на дипломски, магистерски и докторски трудови. Членовите на лабораторијата повеќепати се наградувани со престижни меѓународни признанија. Опремата, подигањето на хардверската платформа и новиот софтвер ќе овозможат тестирања на најновите мобилни технологии и системи со што академскиот кадар заедно со студентите ќе имаат можност да работат во првата лабораторија за тестирање на 5G во земјава.

Прочитајте и...  За мирна ноќ: Совети како да го олесните спиењето со затнат нос

Прочитај повеќе

За мирна ноќ: Совети како да го олесните спиењето со затнат нос

Слободен Печат

Колку поекстремно, толку повпечатливо: Вака се облекуваа на „Греми“ наназад низ годините (ФОТО)

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Како да измамите насмевка кај бебињата?

Слободен печат

Хороскопот открива: Која е идеалната професија за вас

Слободен печат

Научно докажано: Доколку имате миленик вие сте добар човек!

Слободен печат

Остави Коментар

15 + eight =

Прочитај повеќе

Зошто жените изневеруваат: Се чини дека за тоа е виновна биологијата!

Слободен печат

Наши миленици: МИСИ

Слободен печат

Најстарата манекенка и во 9-та деценија остава без здив

Слободен печат

Кејт Аптон: Бебето ми е поважно од слабеењето!

Слободен печат

Мафини со смрзнато овошје

Слободен печат

„Игра на тронови“: Нова серија за разочараните фанови

Слободен печат