До вторник сончево, од среда повторно дожд и заладување

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

УХМР соопшти дека до вторник времето ќе биде претежно сончево со студени утра и пораст на дневната температура, а од среда следува период на претежно облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд.

Утре утринските температури ќе се движат од нула до девет степени, а дневните од 17 до 25. Во Скопје ќе биде од пет до 24 степени.

Во понеделник температурата ќе се искаќи до 27-от степен, додека во текот на неделата ќе се намалува и во петок ќе изнесува максимум 19 степени.

Извор: МИА

Видео на денот