До СЗО стигна пријава за забрзана регистрација на вакцината Спутник V

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) достави пријава до Светската здравствена организација за забрзана регистрација на вакцината против коронавирусот „Спутник V”, објави денеска Фондот.

– Поднесовме пријава за итна употреба и претквалификација до Светската здравствена организација, што ќе овозможи „Спутник V” да биде вклучена во списокот на медицински производи кои ги исполнуваат водечките стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност, изјави извршниот директор на РДИФ Кирил Дмитриев.

Тој изрази благодарност до СЗО за активната соработка и рече дека „се радува на успешно завршување на процесот на претквалификација во сите главни фази”.

Русија стана една од првите земји што се обратија до СЗО за претквалификација на својата вакцина против новиот коронавирус.

Прочитајте и...  Пренаменет буџетот за субвенции: Пари имало само за инвертери и за печки на пелети

Русија се рангира на четврто место во светот, со вкупно регистрирани 1.547.774 случаи и 26.589 смртни случаи како поседица на ковид-19.

Во вторникот, здравствените институции известија за рекордни 320 смртни случаи од коронавирус во текот на изминатите 24 часа.

 

Поврзани вести

Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот Раде Гогов

Слободен печат

Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ

Слободен печат

Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Михаило Донев

Србија: Рекорден број на смртни случаи во последните 24 часа од ковид-19

Слободен печат

ЛДП и Демократски сојуз на Mакедонците-ученици во Пустец им донираа книги и учебни материјали

Михаило Донев

Вчера редици за шопинг, денеска за ковид амбуланти: Хаос пред болниците во Србија (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian