До почетокот на ноември ќе има субвенции за октомвриските плати

Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка е дел од четвртиот сет антикризни мерки, од кои дел се неприменливи, бидејќи не е усвоен ребалансот на Буџетот.

Бектеши ги повика сите политички субјекти да не водат дневна политика и во Собранието измените да поминуваат брзо. Првата плата што треба да се субвенционира е таа за октомври, а министерот е убеден дека ќе се стаса со решението до почетокот на ноември.

Втората поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември ќе биде скалеста, од 14.500 до 21.776 денари, и ќе ја добијат компании чиишто приходи се намалени за 30 и над 30 проценти. Со оваа мерка, Владата очекува дека ќе се поддржат 250.000 работни места, за кои ќе се издвојат 70 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот