До пладне пристигнале 48 приговори до ДИК, излезноста до 13 часот е 20,76 проценти

Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Излезноста до 13 часот на седмите локални избори е 20,76 проценти, соопшти Државната изборна комисија на последната прес конференција. Најголема излезност е забележана во Новаци, 43,77 проценти. а најслаба во Студеничани 11,39 проценти.

Како што рече претседателот на ДИК Александар Даштевски, генерално гласањето се одвива добро. До пладне пристигнале 48 приговори, од кои 26 се прифатени, 6 се одбиени, а по другите сѐ уште се одлучува.

До 12.30 часот по 60 минути имало пет прекини на гласачки места. На 6 гласачки места од 11 каде се појавиле проблеми со апаратот за отпечатоци од прсти веќе се гласа по стар начин со УВ-ламби, потврдува ДИК.

Пријавени се гужви од гласачи во избирачки места во неколку училишта, па дадено упатство од ДИК наместо по еден човек во просторијата да се пропуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот