До октомври готова делницата од клучката кај рудникот Бучим до Радовиш на експресниот пат

Делница/пат/изградба / Фото: МИА

Делницата на експресниот пат Штип-Радовиш од клучката кај рудникот Бучим до влезот на Радовиш комплетно ќе се изгради за неколку денови, односно до почетокот на октомври, најавија денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејупи Рустеми, кои извршија увид во градежните работи на овој експресен пат од клучката кај штипската приградска населба Три Чешми до мостотот на реката Брегалница и од клучката кај Бучим до влезот на Радовиш.

-Должината на двете делници изнесува 17 километри, а вкупната инвестиција е 15 милиони евра. Досега реализацијата на терен изнесува 65 проценти. Интензитетот на градежните работи се одвива со силна динамика, задоволни сме како се работи на терен и според укажувањето на изведувачот и надзорот експресниот пат може да се комплетира и пред договорениот рок април 2022, рече Бочварски.

Директорот на ЈПДП Рустеми истакна дека експресниот пат Штип-Радовиш е проектиран и изведен квалитетно и согласно најновите и највисоки европски стандарди.

-На втората делница се изведени вкупно 16 објекти за премостување, како што се мостови, натпатници, потпатници и полести пропусти, кои се со ширина на асфалтен коловоз од 12,5 метри, вели Рустеми.

Министерот Бочварски посочи дека забразано се гради и вториот дел од експресниот пат Штип-Кочани односно од Крупиште до Кочани и очекува напролет и оваа делница да биде пуштена за сообраќај. Инвестицискиот план во патната и железничката инфраструктура е вреден 2,7 милијарди евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот