ДО МОРЕ СО БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА? „Сакаме во проектот да ги вклучиме Македонија и Грција“

Изградбата на брза пруга од Белград до Будимпешта е најголемиот инфраструктурен проект во овој дел од Европа.

– Финансиите се најголемиот предизвик, со оглед дека нејзината вредност преку Србија е близу две милијарди долари, од вкупно четири милијарди – изјави српскиот заменик-премиер и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, проф. д-р Зорана Михајловиќ.

Таа истакна дека утре во Белград ќе се одржи трилатерален министерски состанок на Србија, Кина и Унгарија, на кој главна тема ќе биде реализацијата на овој значаен проект.

– Од српска страна, сè се одвива според планот, изградбата на двете делници од Белград-Стара Пазова и од Стара Пазова до Нови Сад. Следната година ќе започне со изградба третата делница од Нови Сад до Суботица. Утре ќе се разговараа за вклучување на уште две држави – Северна Македонија и Грција во овој проект, кој е дел од глобалната иницијатива „Појас и пат“ – рече таа.

Вицепремиерката додаде дека Србија покажа дека може да се задржи на договорената динамика, особено кога железнички услуги се во прашање, и дека од оваа година ќе се реконструираат 700 километри пруга. Таа, исто така, рече дека очекува Северна Македонија и Грција да покажат интерес, и покрај внатрешните проблеми што ги имаат.

– Србија е политички и финансиски стабилна, со најголемата странска инвестиција, па во наш интерес е Северна Македонија и Грција се приклучат во овој проект, бидејќи тоа не е доволно што имаме, брза пруга само од Белград до Будимпешта, туку сакаме да го поврземе целиот коридор – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот