До лани аматер, заработуваше пари од косење трева, а синоќа го урна Реал

Себастијан Тил го постигна победничкиот гол за Шериф против Реал на „Сантјаго Бернабеу“/Мадрид, Шпанија/28 септември 2021/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Преку ноќ, Себастијан Тил стана херој на Шериф Тираспол и неговото име го спомнуваат сите од вторникот вечерта во контекст дека со еврогол го урна Реал во Мадрид.

Молдавскиот Шериф во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја забележа и втората победа сезонава во Лигата на шампионите, овојпат со изненадувачки резултат на „Сантјаго Бернабеу“.

Во 90 минута Луксембуржанецот Тил постигна прекрасен гол за 2:1 и историски триумф на Шериф.

Ден по натпреварот, 27-годишниот играч од средниот ред откри неколку интересни детали од неговиот живот во интервју за „So Foot“:

– Имав силни грчеви, не можев да станам! Но, морам да кажам дека играчите на Реал беа фини, се однесуваа нормално, не беа арогантни. За време на играта, разговарав многу со Модриќ, разговаравме за играта и судиските одлуки – рече Тил.

Пред само една година, Тил сè уште беше аматер и играше за клуб од средината на табелата на шампионатот во Луксембург. Официјално сè уште е играч на истиот клуб, позајмен е во Шериф.

– На почетокот на минатата сезона, јас сè уште бев во Луксембург и играв за Прогрес Нидеркорн. Го играв првото коло, па се преселив во Тамбов во Русија, потоа во Тираспол. Покрај фудбалот, имав и друга работа, бев вработен во општината Диферданж и ја косев тревата на стадионот на кој играв. Покрај косењето, собирав гранчиња и лисја што паѓаат на теренот. Тоа искуство ме доведе во посебна врска со фудбалските игралишта, секогаш внимателно ги проучувам пред натпреварите – откри Тил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот