До крајот на септември целосно обновување на производството на нафта во Саудиска Арабија

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Саудиската државна нафтена компанија „Арамко” објави дека производството во нејзиниот најголем објект „Абкаик”, оштетен при неодамнешниот напад со беспилотно летало, ќе биде целосно обновено до крајот на септември.

Саудиските власти денеска организираа посета на новинарите на постројките „Абкаик” и „Кураис” погодени од беспилотни летала и ракети, што предизвика потрес на глобалниот пазар на нафта.

Абкаик има капацитет да произведува до седум милиони барели на ден, од вкупното производство на Саудиска Арабија, кое во јули изнесуваше 9,65 милиони. Кураис има капацитет од околу еден милион барели нафта дневно и неговите резерви се проценуваат на 20 милијарди барели.

Тоа нафтено поле постојано често беше мета на милитантни групи. Бомбаши-самоубијци од Ал Каеда тврдат дека се обиделе, но не успеале да го нападнат комплексот во февруари 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот