До крајот на неделата не очекуваат дневни температури до 26 степени

Утринските температури под нулата, а дневните до 26 степени. Вакво време, претежно стабилно, без врнежи, не очекува неделава.

Според УХМР, утре најниска утринска температура се очекува во Берово, -2 степена, а највисока во Гевгелија, осум степени. Во текот на денот интервалот ќе биде меѓу 12 степени во Маврово и 22 во Гевгелија.

Во среда максималната дневна температура ќе достигне 23 степени, во четврток 25, а во петок и сабота 26 степени, по што, во недела повторно ќе има намалување на 23 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот