До крајот на месецот се очекува да се добијат 400 милиони евра од банките за надминување на кризата

Дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска, додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во  однос на барањето до ММФ рече дека  се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства  да стигнат побрзо.

Најдоцна до 5 мај се очекува да се добијат 400-те милиони евра што државата ги бара од комерцијалните банки, за обезбедување дополнителни средства за надминување на кризата предизвиката од коронавирусот, а банките своите понуди да ги достават до крајот на овој месец, вели дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.

-Во саботата ставив потпис на писмата што се пуштија до ММФ и Светска банка, како и  до комерцијалните банки. Целта беше да се обезбедат дополнитлени средства  со цел да ја надминеме оваа криза.  Согласно она што е наведно во писмата се бара пред се комерцијалните банки своите понуди да ги достават  до крајот на март  по што ќе следи евалуација од страна на  вработените во секторот за јавен долг  при Микнистерството за финансии  по што ќе треба да се потпише  договор. Ќе се потпишува договор согласно англиското право па  оради тоа дополнитлено ќе се ангажира  и во писмото се бара адвокатска куќа која што би помогнала во овој дел, што значи дека средствата најдоцна до 5 мај ги очекуваме да бидат исплатени до колку  нели се би одело како што треба, рече Димитриевска Кочоска во гостување во емисијата Топ тема на ТВ  Телма.

Прочитајте и...  Бели гаќи и црвени влечки-идеален моден аутфит во трговски центар во Сплит

Таа додаде дека станува збор за 400 милиони евра, а во  однос на барањето до ММФ рече дека  се чека оваа институција да се произнесе и оти очекува тие средства  да стигнат побрзо.

Сè уште нема информација, како што рече, колку средства ќе ни се стават на располагање  од Светска банка и за колку време би ги добиле. Бараме помеѓу 100 и 120 милиони евра, но, посочи, не знаеме колку ќе ни одобрат.

Дополнителната заменик-министерка за финансии не се очекува проблеми да се обезбедат овие средства, но, како што рече, можеби ќе биде само прашање која е цената.

Димитриевска Кочоска посочи дека проекциите се оти на приходната страна ќе има 60 отсто помалку приходи од планираното во Буџетот за оваа година, ако се има предвид состојбата со коронавирусот каде немаме тренд на намалување, туку се зголемува и ќе трае одреден период.

Прочитајте и...  Франција даде зелено светло за употреба на тестови на плунка

-Имаме четири  милијарди  евра приход. Од тие ќе имаме 40 отсто  приходи, што е  во суштина 1,6 милијарди  приход. Се друго недостига. Недостигаат отприлика 2,4 милијарди,  истакна Димитриевска Кочоска.

Прочитај повеќе

Бели гаќи и црвени влечки-идеален моден аутфит во трговски центар во Сплит

Слободен печат

Трамп: До април ќе имаме доволно вакцини за секој Американец (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Уште две дечиња од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Маријана Митровска

Пендаровски: Благодарение на фестивалот „Браќа Манаки“, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност (ФОТО)

Маријана Митровска

Од 5.179 до 690 евра: Која земја на ЕУ има најголема, а која најниска просечна бруто плата

Маријана Митровска

Папата Франциск до светските политичари: Овозможете вакцината да биде достапна и на најсиромашните

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Франција даде зелено светло за употреба на тестови на плунка

МИА Агенција

За два дена во Црна Гора избувнале 56 пожари

Слободен печат

Повеќе од двесте илјади луѓе починаа од ковид-19 во САД

Слободен печат

Десетици демонстранти, повеќето жени, уапсени во Белорусија (ФОТО+ВИДЕО)

Маријана Митровска

Невремето во Грција одзеде два животи (ВИДЕО)

Слободен печат