До крајот на месецов треба да се донесат законски измени за да се „откочи“ изградбата на Универзална сала
Работни групи работат на проблемот со изградбата на Универзалната сала, а во собраниска процедура се измени и дополнувања на постојниот Закон за култура со кои треба да се овозможи Министерството за култура и туризам освен националните установи, да може да гради и локални или градски установи. Министерот Зоран Љутков се надева дека измените ќе се донесат до крајот на месецот.
Верувајте дека работиме. Неколку работни групи работат на случајот. Јас лично се заложив, најголем дел од моето време го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура е и помина на претходната седница на Влада измена на Законот, се надевам дека на крајот на месецот и ќе помине тој закон во Собрание, рече Љутков денеска при посетата на МНТ.
Според него три до четири клучни точки го стопираат процесот, но се надева дека за брзо време истите ќе бидат надминати.
Имаме уште три до четири клучни точки на коишто сме сопнати, но со тимот којшто го имаме и со којшто работиме се надевам дека за многу брзо време ќе ги откочиме. Верувајте, работиме многу експедитивно и многу брзо, но сепак тоа се некои административни процедури и задачи коишто ги даваме, а за кои треба да помине малку време додека да се пристапи до нив, рече министерот.
На прашање дали ќе се заврши постапката до локалните избори, тој одговори дека се надева, бидејќи веќе се распишани тендерите