До крајот на март може да се аплицира за парична помош за бебиња родени во Аеродром во 2022 година

Бебе
Илустративна фотографија на бебе / Фото: Unsplash

Општина Аеродром ги потсетува родителите дека имаат уште девет дена да поднесат барање за еднократна парична помош во износ од 8000 денари за новороденчиња родени во 2022 година, затоа што рокот за аплицирање истекува на 31 март.

Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница преку линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, каде што ги пишува и другите потребни документи кои можат да се достават во архивата на Општината секој работен ден – објаснуваат од Општината.

Досега Аеродром доделила еднократна парична помош за вкупно 748 новороденчиња родени минатата година. Оттаму нагласуваат дека остануваат посветени на стимулирање на наталитетот, како и на грижата за нашите најмали и на подобрување на условите за нивен правилен раст и развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот