До крајот на јуни Грција планира да бидат вакцинирани жителите на сите острови

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

„Сина слобода” е насловена новата операција на грчката Влада за вакцинација на постојаните жители на островите што треба да заврши до крајот на јуни, како што денеска соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на состанокот преку видеоконференција со градоначалниците на островите, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот процес ќе ги опфати сите полнолетни жители на 19 острови, а ќе бидат имунизирани со вакцината на Џонсон и Џонсон, која е само една доза.

– Првата голема пратка на вакцините од Џонсон и Џонсон на крајот од месецот ќе се упати кон вас, за да се изгради првиот масовен ѕид на имунитет. Бидејќи на 19-те најголеми наши острови живеат над 700.000 наши сограѓани, им рече Мицотакис на градоначалниците на островите.

Генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, кој исто така учествуваше на состанокот објасни дека целта е до крајот на јуни да бидат вакцинирани жителите на сите грчки острови, со исклучок на Крит, и истакна дека досега, вакцинацијата е завршена на 32 острова, а на други 36 ќе заврши до крајот на месецов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот