До крајот на јули продолжена забраната за влез во Канада

Полицаец во Канада / Фото: Архива

Канадската Влада до крајот на јули ја продолжи забраната за влегување во земјата за повеќето странци, како дел од напорите да се забави ширењето на коронавирусот.

Ограничувањето, што важи за сите, освен за канадските државјани и постојани жители, како и за државјаните на САД кои доаѓаат во Канада од животно важни причини, требаше да заврши синоќа, но е продолжено.

Портпаролката на канадската гранична агенција изјави дека се затворени сите влезови во земјата, од сите гранични премини.

Влез во земјата, меѓутоа, е дозволен за оние кои имаат блиски членови на семејството кои се државјани на Канада или имаат постојан престој во Канада, како и членови на екипажите на авионите.

Границата меѓу Канада и САД, исто така, е затворена, освен за работниците чии работни места се од големо значење, а тоа беше одобрено со посебна владина одлука што важи до 21 јули

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот