До крајот на декември најмалку по 11.457 денари на сметките на секој вработен во приватниот сектор

Фокусот на синдикатите е зголемување на сите плати / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15.

Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 11.457 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од минимални 11.457 денари па нагоре. Пресметките се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот