До крајот на 2019 ќе се отворат уште два сервиса за жртви на семејно насилство

Имплементацијата на постојниот Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, беше тема на дискусија на јавна расправа што денеска се одржа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Северна Македонија.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска во своето поздравно обраќање истакна дека Министерството за труд и социјална политика направи повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. За таа цел неколкукратно се зголемени и средствата во Буџетот наменети за давателите на услуги. За 2019 година се предвидени 6,4 милиони денари, а во 2017 година биле предвидени само 1 милион денари.

-Во 2018 година Северна Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција, по што го усвои Акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука се предвидени конкретни активности, а посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање на специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство. За да ја имплементираме Конвенцијата истовремено развиваме и услуги. Имаме кризен центар во Скопје со престој 24/48 часа, СОС линија, 5 специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, а годинава согласно акцискиот план се воспоставени 8 сервиси во планските региони. До крајот на годината е предвидено на отворање на уште два сервиса. До крајот на годината предвидено е отворање на специјализирани сервиси во сите плански региони на територијата на државата. Досега се воспоставени 8 сервиси, а до крајот на 2019 ќе бидат отворени уште два- рече Спасовска.

Спасовска потенцираше дека во тек е изработка на нов Закон со кој ќе бидат опфатени сите форми на насилство врз жената и дека за истиот наскоро ќе бидат отворени јавни дебати.

Покрај претставничката од Министерството за труд и социјална политика на јавната расправа воведно обраќање имаше и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова, Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија и претставник од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот