23 C
Скопје

До кој степен „сината светлина“ од дигиталните екрани ги оштетува нашите очи?

Во последно време се повеќе се зборува за штетните ефекти на „сината светлина“ што ја емитираат многу дигитални уреди што ги користиме секојдневно. Сепак, неодамнешните истражувања покажуваа дека „сината светлина“ не е она што им штети на нашите очи, туку времето поминато пред екранот!

Сончевата светлина содржи црвени, портокалови, жолти, зелени и сини зраци на светлина и многу нијанси на секоја од овие бои, во зависност од енергијата и брановата должина на одделните зраци. Во комбинација, овој спектар на обоени светлосни зраци го создава она што ние го нарекуваме „бела“ или сончева светлина.

unsplash

Покрај Сонцето, кое е главен извор на светлина, секако, има многу други извори на светлина, кои се изум на самиот човек – вклучувајќи ги флуоресцентно и ЛЕД осветлување, како и рамните екрани.

Екраните на компјутерите, таблетите, мобилните телефони и сличните дигитални уреди емитираат значителна количина сина светлина. Сепак, количината на сина светлина што ја емитираат овие уреди е само мал дел од она што го емитира Сонцето. Иако количината на емитирана сина светлина нема значителни последици, проблемот е во времето што луѓето го поминуваат користејќи ги овие уреди многу близу до нивните очи.

unsplash

Според Американската академија за офталмологија, никогаш не е докажано дека количината на светлина што доаѓа од екранот на компјутерот предизвикува какво било оштетување на очите.

Она што всушност предизвикува штета е подолго гледање на дигитални екрани, што доведува до намален број на трепкања. Намаленото трепкање предизвикува низа привремени симптоми познати како напрегање на очите. Исто така, истражувањето посочува дека овие последици се предизвикани од начинот на кој луѓето ги користат своите екрани, а не од она што доаѓа од екранот.

unsplash

Како да се заштити видот?

Земајќи ги предвид условите на пандемијата во која значително се зголеми времето поминато во друштво на бројни дигитални уреди, заштитата на видот станува се поактуелна, а со тоа се посветува внимание на штетноста на сината светлина и потрагата по начини за заштита на видот.

Постојат некои докази дека сината светлина влијае на деноноќниот ритам на телото, нашиот природен циклус на будење и спиење. Најдобар начин за да се избегне нарушување на спиењето е да се избегнува користење на екранот два до три часа пред спиење. Користењето на „темен“ или „ноќен“ режим на уреди навечер може исто така да помогне.

Unsplash

Офталмолозите препорачуваат неколку методи со кои можете да си ги заштитите очите на пример доколку работите на компјутер цел ден. Тие советуваат да бидете оддалечени околу 60 сантиментри од екранот и поставување на екранот малку надолу.

Друга ефикасна техника е да го користите правилото „20-20-20“: на секои 20 минути, да го пренасочете погледот кон некој предмет што е оддалечен најмалку 20 стапки од вас, и да гледате во него најмалку 20 секунди.

Вештачките солзи можат да помогнат кога вашите очи се суви, прилагодување на осветлувањето во просторијата, но и на самиот екран, може да го намалат напрегањето на очите.

Поврзани вести

ФОТО: „Јас се викам Ивана“: Девојчето од спотот на Здравко Чолиќ носи голема болка во себе

Слободен печат

Наталната карта на Меган Маркл откри сѐ! Затоа таа предизвика проблеми со кралското семејство

Слободен печат

ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Слободен печат

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Слободен печат

Остави Коментар