До две години Турција би можела да врати милион бегалци од Сирија – Слободен печат
ВестиПланета

До две години Турција би можела да врати милион бегалци од Сирија

Турската Влада, исто така, се надева дека ќе рассели околу два милиона од вкупно 3,6 милиони сириски бегалци од војната во нивната земја.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција за шест месеци до две години би можела да врати околу милион сириски бегалци од нивната земја во безбедната зона воспоставена во северниот дел на Сирија.

На 9 октомври Ердоган ја почна воената офанзива во северниот дел на Сирија, наречена “Извор на мирот”, со намера да го исчиси теренот од курдските борци, кои ја имаат поддршката од САД, а кои Анкара ги гледа како закана за својата безбедност, јавуваат американските медиуми.

Турската Влада, исто така, се надева дека ќе рассели околу два милиона од вкупно 3,6 милиони сириски бегалци од војната во нивната земја.

Ердоган, кој се наоѓа во официјална посета на САД, изјави дека се надева дека ќе привлече помош од меѓународните донатори. Тој наведе дека милион бегалци можат да се вратат во градовите како што се Рака и Деир ел-Зор, најголемиот град на истокот од Сирија.

Ердоган во Вашингтон вчера се сретна со претседателот Доналд Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close