До дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група „шверцери“

министерство за култура
Министерство за култура / Фото: Слободен печат

Министерството за култура денеска по повод реакциите во јавноста за однесувањето на навивачката група „шверцери” во МНТ се огласи со соопштение во кое наведува дека до дирекцијата на Театарот не било најавено присуство на таа група, туку само одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм.

-Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување два настана, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група- се вели во соопштението од Министерството за култура.

Во јавноста имаше реакции откако беа објавени видеа за несоодветно однесување на навивачката група во МНТ. 

https://www.slobodenpecat.mk/nikolovski-bara-ostavka-na-direktorkata-na-mnt-poradi-svechenosta-vo-mnt-na-navivachkata-grupa-shverczeri/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот