До денеска 70 Македонци со двојно државјанство се вакцинирале во Врање

Фото: OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега околу 70 граѓани од Северна Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм” на пунктот во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје, вакцината не дојде во Македонија и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање до Е-Управата за примање на вакцината. Тие ми излегоа во пресрет и ми го испратија датумот на примање на вакцината, изјави за РТС Зоран Симоновски од Скопје.

Јадранка Ајановиќ, директор на ДЗ во Врање, посочи дека за вакцинирање на странските државјание потребно е да бидат соодветно електронски пријавени преку Е-Управата, како што е протоколот за сите граѓани од Република Србија.

-Што се однесува до странските државјани, тие мора да имаат потребна документација, лична карта, односно пасош, изјави Ајановиќ.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави денеска дека во Србија можат да се вакцинираат странските државјани кои имаат престој во Србија.

На прашањето дали странските државјани можат да се вакцинираат во Србија и каква е постапката, Ѓерлек изјави дека сите странски државјани кои имаат престој во Србија, како и државјаните на Србија, можат да се пријават преку е-управа.

-Тие ќе бидат повикани, според местото на престој за да се вакцинираат во најблискиот центар за вакцинација,кажа Ѓерлек по состанокот на министерот за здравство Златибор Лончар со директорите на Ковид болниците.

Од владината Канцеларија за ИТ наведуваат дека странските државјани можат да се вакцинираат во Србија, но дека прво мора да се регистрираат на порталот зна Е-Управа. Тие ќе бидат повикани на вакцинација според планот презентиран од институтот Батут.

На порталот Е-Управа постои можност да аплицираат странски државјани со и без престој во Србија.

До денеска во Србија се имаат вакцинирано 495.964 граѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот