До Албанија испратена телеграма со сочувство од Талат Џафери

Во телеграмата испратена од претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери е изразено сочувство до претставниците на институциите на Република Албанија и со граѓаните на Република Албанија,

-Потресот од минатата ноќ што се почувствува и во нашата земја, бил само почетокот на потресите кои на последователен начин сѐ уште ја тресат братска Република Албанија, Тирана, Драч, Туман… Длабоко сум потресен и изразувам искрено сочувство за жртвите од оваа несреќа и до нивните блиски семејства. Во исто време, со мисли, надеж и желба да бројот на жртвите не се зголеми, повредените да бидат со што помали здравствени последици и брзо оздравување- пишува во телеграмата.

Во оваа тажна пригода, пишува Џафери, кога природата на најдиректен начин ја демонстрира својата непредвидлива моќ и ги става во искушение трпението, солидарноста и сочувствувањето кон нашиот близок, кон соседот и кон човештвото воопшто, посакувам сите да пружиме рака на помош, искрени мисли на поддршка и храброст да гледаме напред и тогаш кога сме во најтажната состојба да се рикуперираме уште пообединети.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот