До 2050 година населението во Грција се очекува да опадне до осум милиони жители

До 2050 година се очекува населението во Грција да опадне до осум милиони жители, а оваа силна демографска тенденција почна од 2011 година кога беше регистрирана ваква негативната стапка, за првпат по 1944 година, пренсе весникот „Катимерини”.

-Врз основа на конзервативно сценарио се очекува до 2050 година населението во земјата да опадне на осум милиони, наведува Стефанос Чандакас, основач и претседател на невладината организација HOPEgenesis, на настан во Институтот за јавно здравје на Американскиот колеџ во Атина.

Чандакас изјави дека во 2017 година во земјата биле регистрирани 8. 553 раѓања и 124.501 смртни случаи.

На форумот било подвлечено дека Грција е на многу ниско ниво во Европа во однос на политиките за поттикнување на мајчинството, семејствата и плодноста, и беше подвлечена неопходноста од создавање пријатна средина за поддршка на двојките со родителски потенцијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот