До 2023 година целиот процес на добивање државна помош ќе биде дигитализиран

Фото: mia.mk

Владата работи на воспоставување на единствен центар за контрола на државната помош, а планот е до 2023 година целиот процес на добивање државна помош да биде дигитализиран, најави вицепремиерот за економски прашања координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

– Заедно со Светска банка работиме на креирање на овој систем. Нашиот план е до јануари 2022 година да го креираме системот. Исходот од тоа ќе биде 11 процеси на 11 различни институции кои даваат државна помош да биде дигитализиран со цел на 1.1. 2023 година, процесот на добивање на државна помош да биде без хартија. Тоа значи ќе се елиминира можноста човечкиот фактор да интервенира во системот, вели Битиќи.

Новите инвеститори со кои се преговара, ќе нудат високо платени работни места, најмалку за 50 проценти повеќе од минималната плата.

Нема ниту една од овие инвестиции со кои разговараме да им дозволиме да плаќаат плати од 9.000 денари. Заврши ерата на креирање на сиромашни работни места. Поттикнување на сиромаштија не е наша цел. И затоа ќе ги користиме јавните ресурси за поддршка на странските инвестиции ако има додадена вредност, односно ако има високо платени работни места и ако производите имаат додадена вредност за нашата економија. Така ќе ги задржиме и младите во државата, истакнува Битиќи.

Вели дека ниту тој, ниту Дирекцијата за технолошко-развојни зони има потпишано договор без тоа јавно да биде објавено.

За разлика од порано кога имаше неколку министри без ресор кои работеа во сегментот на странските инвестиции, сега, како што вели, постои систематизираност во овој дел односно целото портфолио на инвестиции е под капата на Кабинетот на заменик – претседателот на Владата за економски прашања и двете оперативни тела- Дирекцијата на ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот