До 19:00 часот во Дебар гласале 38, во Центар Жупа 19,9 отсто од вкупниот број гласачи

Гласање на предвремени парламентарни избори 2020 / 15 јули 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во општините Дебар и Центар Жупа, кои се дел од петтата изборна единица, до 19:00 часот на вонредните парламентарни избори своето право на глас го искористиле 8.400 од вкупно запишаните 25.825 граѓани.

-Во општина Дебар, каде во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас до 19:00 часот ова право го оствариле 6.995 или 38 отсто. И понатаму изборниот процес минува без проблеми, вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.

И во општна Центар Жупа изборниот ден изминува во најдобар ред.

-Во единствениот избирачки список кај нас запишани се 7.061 граѓанин со право на глас. До 19:00 часот правото го искористиле 1.405 граѓани или 19,9 отсто , вели Еран Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Во изминатите два дена во Дебар правото на глас го искорстија 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19 и 28 болни и немоќни лица, додека во општина Центар Жупа четири болни и немоќни лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот