До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии.

Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со Ковид-19 или во самоизолација гласале.

За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација се прифатени во Ресен-60, потоа во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.

Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни изнборни тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува под соодветни здравствени мерки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот