ДНК со донација и апел: Добри луѓе ДОНИРАЈТЕ да се вратат „Белите дробови“ на Велес

Фото: Фејсбук

Популарната македонска група ДНК на својот Фејсбук профил денеска објавија дека донирале сума пари  за обновување и пошумување на изгорениот предел од пожарите што го зафатија Велес. Воедно, тие ги поттикнуваат и сите совесни граѓани да помогнат.

Прочитајте ја целата објава:

„Драги луѓе
Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК ( Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6.000 денари (не сме Леонардо ДиКаприо толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на Општина Велес, во најбрз можен рок да отворат сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух!#ОД_СРЦЕ_ЗА_ВЕЛЕС“

Драги луѓе Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а…

Publiée par DNK sur Mardi 27 août 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот