ДНК, Перо Антиќ, Емилија Розман и тверкање во новиот спот „Ромео и Јулија“

„Ромео и Јулија” е насловот на новата песна на ДНК!

Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува  5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.

Видеото, пак, од кое дефинитивно скока притисок е работено со Cherry Cannon Studio.Извршни продуценти се Панчо и Илија Димкоски, кој стои и зад режијата, сценариото и воедно е и директор на фотографија. Зад камерата, пак, овој пат застанаа Моника Павловска и Андреј Бранковиќ, а како уредник се потпишува малосамо. За шминката стандардно беше задолжена долгогодишната соработничка на ДНК Елеонора Марк. Стилист е Богдан Ѓаковиќ МИНУС 1, додека асистент на продукција е Марко Ивановски.

Во кадрите кои се снимени во клубот „Епицентар”, пак, освен момците од ДНК, односно Панчо и Андреј, се појавуваат и танчарките од студиото Twerk Low Z (https://instagram.com/low_z_ и https://instagram.com/twerk_studio_low); Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), моделките Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл за НБА Перо Антиќ.

„Се трудиме секогаш да сме поразлични во она што го правиме, и кога станува збор за музиката, но и кога се во прашање спотовите. Имаме одлична екипа со која, пред сè, одлично се забавуваме на снимањето, но и екипа која даде сè од себе да имаме совршен финален производ. Има благодариме на сите кои се дел од оваа приказна. Веруваме во „Ромео и Јулија”, вели Панчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот