ДНК гости на концертот на Сара Јо во Скопје – картите се распродадени! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Дел од најавениот, саботен концерт на Сара Јо во клубот Станица 26 ќе биде и нашето најпопуларно рнб дуо ДНК, кое ќе има свој кус настап во анплагд формација, и тоа како загревање за првиот солистички концерт на една од најпопуларните млади пејачки во регионов пред скопската публиката.

Концертот е закажан во сабота со почеток во 21 часот, а интересно е дека за истиот повеќе нема влезници, односно веќе е распродаден.

 

View this post on Instagram

 

Latex ?? since 2012 #90skid @ ? Budva @panama_beach_bar Stajling: @vladislava333 @ninarajakatelier Frizura: @loftparrucchieribymajastanisic

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial) on

Сара Јо на публиката во соседството и се претстави преку шоуто „Први глас Србије“, по што нејзината кариера почна да добива неверојатни размери. Беше дел и од „Твоје лице звучи познато“, а како дел од групата Моје 3 ја претставуваше својата земја и на Евровизија. Зад неа се хитовите како „Немам времена за то“, „Лава“, „Без сна“, „Мили Мили“…

Саботниот концерт на Сара Јо е закажан во Станица 26, а нејзини гости се момците од ДНК.

А до концертот уживајте во најновата тема на ДНК со наслов „Ние“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот