Дневница од 250 отсто за работниците што ќе работат за Бадник и Божик

Рамстор мол во Скопје / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фирмите и компаниите кои не се опфатени како исклучоци за недела неработен ден според Законот за трговија не смеат да работат во недела, но и на државен празник или други празници определени со закон, потсети Сојузот на синдикати (ССМ) во пресрет на божикните празници.

Утре, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари (петок) Божик е неработен ден за сите граѓани.

Меѓу исклучоците спаѓаат специјализирани  продавници  или  киосци  за продажба  на  сладолед,  колачи  и  апетисани,  цвеќиња, сувенири,  филигранство,  весници  и  цигари,  во  туристичките  места  утврдени  со  Законот  за  туристичка  дејност; продавниците  на  бензински  станици  во  чии рамки  се  врши трговија  на  мало  претежно  со  храна, пијалоци  и  тутун; продавници,  киосци  и  штандови  во трговските  центри  (молови); штандови  и  киосци  каде  што  се  продава  добра  за  време  на  спортски  настани,   фестивали  и  манифестации,  саеми  и  за  време  на  јавната  проекција  на  кинематографски  дела; продавници  за  трговија  на  мало  со  храна  (без зеленчук  и  овошје),  пијалоци  и  тутун  во  кои  трговијата се  врши  лично  само  од  сопственикот  на  продавницата и зелените пазари.

Оние работници кои спаѓаат во наведените исклучоци имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот