Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега починале 726.415 лица

– Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Во моментов има 569 активни случаи во таа земја.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 19.660.540 лица. Од нив починале 726.415, а оздравеле 12.615.495 луѓе.

– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 255 нови случаи на коронавирус, врз основа на 8.014 тестирани примероци, а шест лица починаа.
Според Министерството за здравство, во моментот има 121 лицe на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, потврдени се вкупно 27.863 случаи на коронавирус, а 632 лица починаa.
Тестирани се вкупно 741.073 примероци.

– Во Црна Гора потврдени се 39 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на 326 тестирани примероци, а едно лице починало, објави Институтот за јавно здравје.
Повеќето од новозаразените се од Подгорица (22), пренесува Вијести.
Вкупниот број активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.119.
Институтот соопшти дека вкупниот број смртни случаи од почетокот на годината е 62, а
вкупниот број регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус е 3.588.

– Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов има 569 активни случаи во таа земја.

Прочитајте и...  Земјотрес ја стресе Грција, почувствуван и во државава

Во болниците има 120 пациенти, од кои осум се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се заразени 5.543 лица, од кои 157 починале.
До денеска, тестирани се вкупно 127.405 лица, од кои 995 во последните 24 часа.

– Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа, вирусот е потврден кај 398 лица, од 2.151 анализирани примероци. Во Федерацијата на БиХ има 326 нови случаи и 72 во Република Српска. Во изминатите 24 часа, шест смртни случаи од коронавирус биле пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата на БиХ, а вкупно 196 лица починале од почетокот на пандемијата.

– Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина. Во моментов има 181 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во таа земја, заразени се вкупно 2.247 лица, од кои 126 починале.

Прочитајте и...  Швајцарците со мнозинство од 50,1 процент го поддржаа купувањето на нови борбени авиони

– Во Чешка во неколку региони е забележано најголемото зголемување на бројот на нови пациенти од 3 април, објави денеска чешката Влада. Според чешкото Министерство за здравство, потврдени се 323 случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број потврдени случаи во оваа централноевропска земја со 10,7 милиони жители е зголемен на 18.060. Досега 389 лица починале од Ковид-19.

– Во Полска во изминатите 24 часа се регистрирани 843 нови случаи, што е седми дневен рекорд по бројот на нови случаи во последните две недели. Досега во Полска се потврдени 51.167 случаи на заразени со Ковид-19 и 1.800 смртни случаи.

– Во Русија во последните 24 часа надлежните регистрирале 5.212 новозаразени и 129 смртни случаи, со што се зголеми бројот на починати на 14.854, т.е. 1,68 отсто од вкупниот број заразени.

– Во последните 24 часа, Јужна Кореја забележа најголемо дневно зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус од локален пренос во претходните 16 дена, а сите беа пријавени во Сеул и околината. Според Центарот за контрола и превенција на болести, во претходниот ден се регистрирани 43 нови случаи, од кои 30 се пренесени на локално ниво. Од тој број, 16 новозаразени се од Сеул, а голем број случаи се поврзани со црквата во провинцијата Гионџи, недалеку од главниот град . Во последните 24 часа е регистриран еден смртен случај, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 304, додека вкупно 14.562 лица се заразени од почетокот на епидемијата.

Прочитајте и...  „Света е наш претседател": Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

– Министерството за здравство на Филипините соопшти дека 4.222 луѓе се разболеле од вирусот во последните 24 часа и дека починал 41 пациент. Министерството соопшти дека вкупниот број потврдени случаи во оваа земја со 107 милиони жители е 126.885, додека вкупниот број смртни случаи е 2.209. Филипините се држава со најголем број случаи на Ковид-19 во регионот на Јужна Азија и е втора земја во Индонезија во однос на бројот на починати од вирусот.

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Деми Мур се уште влече трауми од „валканите нешта“ на кои ја принудувал поранешниот сопруг Ештон Кучер

Слободен печат