Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

epa08656804 A man wearing protective face mask takes photo at Old Town square in Prague, Czech Republic, 09 September 2020. Czech authorities have announced new restrictions across country to prevent COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 29.859.075 лица со коронавирус. Од нив, 941.489 пациенти починале, а 21.635.922 се излекувани.

Приштина – Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани три починати лица, 76 новозаболени и 165 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на епидемијата има 604 смртни случаи и 14.839 заразени. Болеста ја совладале вкупно 11.949 лица, така што активни се 2.286 случаи.

Тирана – Во Албанија во изминатите 24 часа дијагностицирани се 144 нови случаи со Ковид-19, од 824 направени тестови. Битката со опасниот вирус ја добиле 65, додека починале тројца пациенти. Од вкупно заразените 11.816, активни на болеста се 4.740.

Софија – Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 155 новозаразени со вирусот Ковид-19, а починале седум лица. Вкупниот број заразени сега изнесува 18.216, од кои активни се 4.423. Излекувани се 13.057 лица, од кои 127 во последните 24 часа.

Подгорица – Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 новозаразени и три смртни случаи од Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравје.
Направени се 953 тестови.

-Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 117, а од почетокот на годината 126″, се наведува во соопштението. Излекувани се 72 пациенти. Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 2.401.

Љубљана – Во последните 24 часа, преку 3.123 тестови, потврдени се нови 123 случаи на инфекција со коронавирус во Словенија, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, соопшти денеска словенечката Влада. Во последниве недели, бројот на новозаразени постојано се зголемува, а Владата најави дека поради зголемениот број хоспитализирани, очекува реорганизација на болниците и отворање уште една, четврта Ковид-болница, за која подготовките се во тек, рече министерот за здравство Томаж Гантар.

Според Министерството за здравство, во моментов има 975 активни случаи, од кои 61 се во болница, што е многу големо зголемување во споредба со минатата недела.

Прага – Рекордни 1.677 случаи на коронавирус се пријавени денеска во Чешка, во време кога земјата се соочува со обновување на пандемијата. Вкупно 38.896 пациенти со вирусот се регистрирани досега во Чешка, земја со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците објавени денеска од Министерството за здравство.

Братислава – Бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во Словачка е зголемен за 92 на вкупно 5.860, соопшти денеска словачкиот Национален здравствен информативен центар.

Ова е двојно помалку од претходниот ден кога бројот на новозаразени беше 188.
Во претходните 24 часа немало смртни случаи, па вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 сè уште е 38, објави ТАСР.

Во текот на претходниот ден, во земјата се извршени 3.235 тестови, додека од почетокот на епидемијата на коронавирус направени се вкупно 393.486 тестови. Во болниците има 141 пациент, од кои 13 се на одделенија за интензивна нега, а 14 на респиратори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот