Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

epa08400391 Waiters wearing protective face masks work at a restaurant in Belgrade, Serbia, 04 May 2020, amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. Cafes, bars and restaurants are being reopened as the authorities eased some of the measures that have been in place to limit the spread of the coronavirus SARS-CoV-2 which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бројот на смртни случаи од последиците од Ковид-19 во Шпанија го надмина бројот на смртни случаи од која било друга болест во таа земја на годишно ниво, објави весникот АБЦ.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.311.908 лица. Од нив починале 290.597, а оздравеле 1.567.141 луѓе.

–  Данските власти соопштија дека епидемијата од новиот коронавирус во државата е под целосна контрола, јави ДПА. Данската премиерка Мете Фредериксен на прес-конференција изјави дека опасноста сепак, не поминала. – Коронавирусот е ист. Исто толку заразен и опасен, рече таа. Данска ќе формира посебна комисија, што ќе биде дел од Министерството за правда и ќе има задача да обезбеди државата да располага доволно со со заштитна облека и тестови. Во Данска беа регистрирани околу 10.500 заразени и 533 смртни случаи.

– Малку е веројатно дека Британците ќе можат да одат на одмор во странство ова лето поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок. На прашањето од ИТВ дали луѓето треба да разберат дека вообичаената сезона на летни одмори е завршена, тој рече: „Мислам дека веројатно ќе биде така”.
Британската влада се обидува постепено да продолжи со работењето во различни сектори на економијата, но одредена форма на физичко растојание ќе остане во функција некое време. „Во крајна линија е дека е малку веројатно дека ќе има можност за голем, екстравагантен одмор во странство ова лето”, рече британскиот министер за здравство.
Во неделата премиерот Борис Џонсон рече дека владата планира да воведе 14-дневен карантин за оние што пристигнуваат од странство за да избегнат втор бран на зараза. Ова ги налути авиокомпаниите кои планираа да продолжат со летови во наредните месеци.

– Бројот на смртни случаи од последиците од Ковид-19 во Шпанија го надмина бројот на смртни случаи од која било друга болест во таа земја на годишно ниво, објави весникот АБЦ. Во периодот меѓу 2014 и 2018 година, Шпанија имала во просек 416.000 смртни случаи како резултат на сите комбинирани болести. Повеќе од 22.000 луѓе починале од рак на белите дробови, а околу 18.500 од срцеви болести. Деменцијата била причина за смрт во 17.500 случаи и срцев удар во 15.200.  Сепак, 26.744 луѓе починале во оваа земја како резултат на инфекција со новиот коронавирус, за нешто повеќе од два месеца.

– Во Албанија епидемиолошката сосотјба со Ковид-19 и понатаму е стабилна. Во последното деноноќие регистрирани се четири новозаразени со Ковид-19, иденичен број како и вчера, со што вкупната бројка изнесува 876 позитивни на опасниот вирус.Од вкупната бројка 682 лица или 78 отсто успеале да ја добијат битката со опасниот вирус. Сеуште активни се 163 но само 24 се хоспитализирани,од нив самоеден пациент е на интензивна терапија. Повеќе од десет дена нема починати од болеста, бројката останува 31 починато лице,кои боледувале и од други хронични болести. Од почетокот на епидемијата до сега направени се 11.332 теста,од нив 10.802 молекуларни и 530 серолошки тестови.

-Според последниите информации на косовските здравствени власти, во земјата има 11 новозаболени и две лица кои се излекувани од Ковид-19, а регистриран е и еден смртен случај – 63-годишна жена која страдала и од други хронични болести. Вкупно заразени од коронавирусот, од појавата на епидемијата, се 895. Од нив, 657 се излекувани и 29 починале, така што моментално во Косово активни носители на новиот коронавирус се 209 лица. Вкупно досега се извршени 10.130 тестирања, од кои вчера 196.

-Грција денеска соопшти 18 нови случаи на Ковид-19 и уште еден смртен случај. Во земјата, 2.744 лица се заразени, а од новиот коронавирус починаа 152 лица.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи од 1.153 направени тестови, вкупно 903 заразени од почетокот на епидемијата. Регистриран е уште еден смртен случај кај лице позитивно на новиот коронавирус, но Ковид-19, но не бил причината за смртта. Досега, од почетокот на епидемијата починаа 23 лица позитивни на новиот коронавирус, но во статистиката се заведуваат само 16 лица, кај кои Ковид-19 беше главната причина за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот