Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Фото: Профимедиа

Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.

Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 388.974, а оздравеле 3198.069 луѓе.

– Во последните 24 часа, едно лице починало во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број  жртви од почетокот на епидемијата е 246. Од последниот пресек на состојбата во Србија, досега се тестирани 4.024 лица на коронавирус, а вирусот е потврден кај 48 од нив. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.571 лица, а излекувани се 6.910 пациенти.

Во приватниот дом за стари лица „Масовна зелена куќа” во Петроварадин-Нови Сад, регистрирана е коронавирусна инфекција кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека од вторникот, заклучно со денеска во 15 часот, регистриран е еден смртен случаи од Ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

– Министерството за здравство на Република Кипар попладнево соопшти дека не е регистриран ниту еден нов случаи на Ковид-19 од анализирани 1.996 примероци. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 958 лица.

– Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран. Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197. Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.

– Русија денеска пријави уште 8.831 случај на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата достигна  441.108. Центарот за одговор на корона-кризата наведува дека во изминатите 24 часа уште 169 лица починале од последиците од вирусот. Досега се пријавени 5.384 смртни случаи во Русија.

– Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја.Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501. Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238. Вкупно починале 11.729 луѓе, со што Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.

– Здравствените власти во Пакистан соопштија дека во земјата има 85.264 лица заразени со Ковид-19, а 1.770 се починати. Пакистан го укина карантинот на почетокот на мај, иако бројот на нови случаи и натаму расте. Си-Ен-Ен наведува дека зголемениот број заразени најверојатно е поради поголемиот број тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот